Најмалки 48 лица, меѓу кои жени и деца, загинаа во судирите во јужниот дел на Јемен. Во тој дел, војската и Ал Каеда се борат за освојување на територијата.
Над 300 терористи се опколени во нивното последно упориште, велат воените преставници.
Според податоците од агенцијата Франс прес, во последните неколку конфликти во Јемен загинаа 540 луѓе – 402 членови на Ал Каеда, 78 војници, 26 полицајци и 34 цивили.