Јавниот сектор во Венецуела ќе работи само два дена во неделата за да се штеди струја

Од:

Владата на Венецуела одлучи работењето на јавниот сектор во земјата да се сведе на само два дена во неделата, како „привремена мерка“ за надминување на сегашната тешка криза со електричната енергија.

Потпретседателот Аристобуло Истуриз соопшти дека вработените во јавниот сектор ќе доаѓаат на работа само во понеделник и во вторник, додека во средите, четвртоците и петоци ќе останат дома и оваа мерка ќе важи се додека не се надмине кризата со струјата.

Венецуела која е голем производител на нафта и една од земјите со најголеми нафтени резерви во светот, западна во криза со струјата, што се оправдува со големата суша, која драстично ги намали резервите на вода во акумулациите на хидроцентралите.

Со владината мерка се опфатени два милиони јавни службеници, од вкупно 2,8 милиони вработени во државниот сектор.

Претседателот Николас Мадуро, претходно, веќе им нареди на луѓето во овој сектор да не доаѓаат на работа во петоците, а владата определи секој ден да има исклучување на струјата за сите корисници од по четири часови.

На трговијата и е наредено да затвора порано, а на трговските центри покрај ова и да обезбедат енергија за своите потреби.

Од овој месец, во Венецуела е одлучено да се вратат часовниците за 1,5 час за да порано се затвораат продавниците, рестораните, кината и театрита, како и порано да завршува тв програмата.

Сушата погоди повеќе земји во регионот, но ситуацијата во Венецуела се оценува како најтешка.

Опозицијата, како и големите компании, меѓутоа, ја обвинуваат владата за неснаоѓање и за погрешно менаџирање со кризата.

Опозициските партии го обвинуваат Мадуро дека со својата социјалистичка економија и со популистичките мерки, за да се придобијат најсиромашните слоеви во земјата, како сигурни гласачи, Венецуела е осиромашена, а нејзината економија е пред колапс.

Владата се брани дека причина за кризата е падот на цената на суровата нафта.

Би можело да ве интересира

Шест странци уапсени во Венецуела за наводен заговор на ЦИА за убиство на Мадуро

Чистка во Венецуела: Сменети се сите кои одлучуваат за нафтата

Мадуро одлучи: Божиќ ќе се слави на 1 октомври

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Членови на Вагнер забележани во Венецуела: „Каде и да одат носат смрт“

Венецуелската опозиција го обвини Мадуро за киднапирање по апсењето на пратеникот

Демонстрантите во Венецуела ја урнаа статуата на Уго Чавез: Насилни протести по претседателските избори

Горан Наумовски