Јас сум Тереза Меј и сум најдобар избор за премиер. Вака самата себе се опиша новата британска премиерка. Други ја опишуваат како тешка и упорна, но и единствена која може да се справи со моменталната ситуацијата во Велика Британија.
Таа има 59 години, родена е на југот на Кралството, во малото место Исбурн. Низ годините во нејзината кариера и живот има многу подеми и падови откако стапна за прв пат во британскиот парламент во 1997 година.
Само што дипломирала економски науки на Оксфорд, го изгубила таткото во сообраќајна несреќа. Неколку години подоцна мајката, од мултипла склероза. Набргу потоа Тереза Меј дознала дека не може да има деца.
Но ништо од тоа не ја поколебало да оди напред. Жената која ја бие глас дека е “исклучително тешка, непредвидлива и јака“ важи за некој што излегува на крај со предизвиците. Дали е тоа точно може да се види во фактот дека опстанала на позицијата министер за внатрешни работи цели шест години, подолго од било кој друг пред неа на истата позиција.
Премиерската функција ја презема во време кога сите бегаат од неа. Британија ја чекаат тешки преговори за излез од ЕУ за кои се тврди дека ќе траат цели две години по кои кралството повеќе ќе изгуби отколку што нешто ќе добие.
Таа за време на камапањата, беше за останување на Британија во Европската унија, но не беше премногу гласна во одбрана на својот ства. Сега вели дека Брегзит е Брегзит, и дека нема враќање во ЕУ. Сепак, најави дека преговори нема да има со Бриел до крајот на оваа година, односно пред да се дефинира јасна стратегија за излегување од ЕУ.
Тереза Меј е специфична и во начинот на облекување, а познато е дека менува чевли три пати на ден. Го има истиот хороскопски знак како и Маргарет Тачер-вага. Од 1980 година е во брак со Филип Меј, банкар кој го запознала за време на студиите на Оксфорд.
Доаѓањето на Тереза Меј на премиерската функција покрена низа споредби со германската канцеларка Ангела Меркел. Интересно е што и на двете, татковците им биле свештеници.