Јарец на суд го победи Музејот на современа уметност

Од:

Гери се појави пред некој ден пред судот во Сиднеј каде беше обвинет од Музејот на современа уметност за изеденото цвеќе пред оваа установа.

На сопственикот Џејмс Дезарнаулдс , комичар кој е исто така познат како Џимбо Базуби, му била изречена парична казна од 292 фунти во август минатата година, откако полицијата го фати Гери како пасе од цвеќето пред Музејот на Сиднеј на современа уметност.

Г-дин Базуби сметаше дека паричната казна е неправедна и избра случајот да го изнесе на суд.

На суд, тој го поведе Гери заедно со него, кој носеше шапка во боите на виножито, но јарецот мораше да остане надвор додека случајот продолжи во судницата .

Пол МекГир, адвокатот на јарецот, пред судот изјави дека полицијата издала погрешна прекршочна пријава, поради тоа што таквите вообичаено се издаваат за личности, а не за кози.

– Одговорноста (за парична казна) се однесува на личност, но Гери не е личност, објасни адвокатот.

– Покрај тоа, не може да се докаже дека г-дин Базуби го довел Гери до чинот на јадење цвеќиња.

Полицискиот обвинител, наредник Рик Мансли изјави дека Базуби бил соодветно казнет, бидејќи знаел дека Гери бил гладен, а му дозволил да биде во близина на цвеќињата.

Судот ги отфрли обвиненијата, но сепак Базуби ќе мора да ги плати судските трошоци.

Гери во текот на постапката се бранеше со молчење.

Надвор од судот Базуби пред толпата новинари изјави дека е воодушевен што е симната дамката од името на Гери.

Би можело да ве интересира

Австралија не се наоѓа таму каде што сите мислат

Емир Латифовиќ

Дали животните можат да предвидат земјотрес?

Емир Латифовиќ

Сопственикот на „Зара“ Амансио Ортега го симна Бил Гејтс од тронот како најбогат човек на светот

Емир Латифовиќ

218 години од првиот скок со падобран

Емир Латифовиќ

Петнаесет работи кои ги предвиде Бил Гејтс во 1999 година

Емир Латифовиќ

На денешен ден

Емир Латифовиќ