Јапонскиот премиер Шинзо Абе не изрази никакво жалење за Втората светска војна

Од:

Јапонскиот премиер Шинзо Абе не изрази никакво жалење за агресијата на земјата во Втората светскна војна, пренесоа француските медиуми.

Во краткиот говор, што го оддржа по повод 68-годишнината од капитулацијата на Јапонија во најсмртоносниот конфликт во историјата на човештвото, конзервативецот Абе ја прекина воспоставената дваесетгодишна традиција јапонскиот премиер да го искористи поводот за да покаже каење за страдањата, предизвикани од неговата земја во Азија.

Тој само се ограничи да каже дека по Втората светска војна Јапонија тргнала по патот на мирот, слободата и демократијата.

-Имаме намера и во иднина да работиме со нашите меѓународни партнери за овој свет да го направиме подобар, соопшти Абе, цитиран од ИТАР-ТАСС.

Јапонскиот премиер својот говор го оддржа на церемонија што се оддржа во престолнината Токио.

Во салата присуствуваа околу 7.000 лица, меѓу кои и членовите на императорското семејство и повеќе пратеници, кои им оддадоа минута молчење на настраданите во Втората светска војна. Потоа императорот Акихито прочита молитва за зачувување на мирот во целиот свет.

Би можело да ве интересира

Силен земјотрес ги погоди јапонските острови

ВИДЕО: Силен земјотрес од 6,1 степен ја погоди Јапонија

Катерина Ѓуровски

ВИДЕО: Седуммина мртви во превртениот танкер кај Јапонија

ВИДЕО: Кај Јапонија се преврте танкер

Катерина Ѓуровски

Јапонија влезе во рецесија, Германија стана трета најголема економска сила

Силен земјотрес ја погоди Јапонија