Јапонски пилот уапсен во Лондон, имал 1,89 промили алкохол во крвта

Од:

Јапонскиот пилот Кацутоши Џицувава беше уапсен минатиот викенд на лондонскиот аеродром Хитроу откако со алкотест му е измерено 1,89 промили алкохол во крвта.

Би-би-си објави дека 42-годишниот Џицукава бил пријавен од возач на автобус кој го возел екипажот кон авионот откако почувствувал мирис на алкохол во неговата близина. Контролата веднаш му направила алкотест на Џицукава, кој потоа признал дека премногу пиел.

Џицукава беше дел од екипажот на „боинг 777“, кој дента требаше да лета за Токио.

Авионот, сепак, полетал кон планираната дестинација, но со 69-минутно задоцнување. Законската граница за пилотите на авионите е 0,2 промили алкохол во крвта.

„Јапонија ерлајнс“ им се извини на патниците и вети дека веднаш ќе ги засили контролите за да спречат слични инциденти во иднина.

Би можело да ве интересира

Напаѓач избоде неколку луѓе на железничка станица во Јапонија

ВИДЕО: Снежно невреме ја парализираше Велика Британија, откажани летови и во Германија

Катерина Ѓуровски

Велика Британија исели речиси 13.500 мигранти

Стармер: Зајакнување на поддршката за Украина пред мировните преговори

Возилото во кое се наоѓаше јапонскиот премиер удри во полициско возило

А1он

Монд: Франција и Велика Британија ја разгледуваат можноста за заедничко испраќање војници во Украина