Јапонски министер поднесе оставка поради проблеми со изградба на олимписки стадион во Токио

Од:

Јапонскиот министер за образование и спорт Хакубин Шимомура поднесе оставка преземајќи одговорност за проблемите околу изградбата на нов национален стадион во Токио кој ќе  се користи за Олимпијадата во 2020 година.

Шимомура соопшти дека го известил премиерот Шинѕо Абе за повлекувањето од функција.

Премиерот првично ја отфрли идејата за нов стадион кој би го заменил стадионот користен за Олимпијадата во Токио во 1964 година, со мотиви дека е исклучително скапо. Дизајнот на британската архитектка Заха Халид предизвика незадоволство кај многумина во Токио поради цената и формата на проектот. Во ноември треба да биде избран нов дизајн на стадионот.

Би можело да ве интересира

Силен земјотрес ги погоди јапонските острови

ВИДЕО: Силен земјотрес од 6,1 степен ја погоди Јапонија

Катерина Ѓуровски

ВИДЕО: Седуммина мртви во превртениот танкер кај Јапонија

ВИДЕО: Кај Јапонија се преврте танкер

Катерина Ѓуровски

Јапонија влезе во рецесија, Германија стана трета најголема економска сила

Силен земјотрес ја погоди Јапонија