Јапонски брокер се самоуби откако загуби милион евра

Од:

Дваесет и петгодишен јапонски банкарски службхеник се самоуби, откако на берзата загубил еден милион евра, кои без знаење на неговите претпоставени ги добил од клиенти на банката.

Брокерот, кој работел во филијала на банката „Ресона“ во Токио, лани убедил тројца клиенти да му дадат пари кои ќе ги инвестира во доходовни акции.

Во почетокот тој со парите на тројцата „инвеститори“ заработил 155 милиони јени (1,1 милиони евра), но потоа еден милион од тие средства ги загубил во ризични берзански трансакции.

„Оштетените“ клиенти за загубата и се пожалиле на банката и по обелоденувањето на аферата малдиот банкар се самоубил.

Случајот потестува на аферата со берзанскиот посредник на „Сосиете Женреал“, Жером Кервиел, кој на берзата загуби пет милијарди евра пари на банката.

Би можело да ве интересира

Силен земјотрес ги погоди јапонските острови

ВИДЕО: Силен земјотрес од 6,1 степен ја погоди Јапонија

Катерина Ѓуровски

ВИДЕО: Седуммина мртви во превртениот танкер кај Јапонија

ВИДЕО: Кај Јапонија се преврте танкер

Катерина Ѓуровски

Јапонија влезе во рецесија, Германија стана трета најголема економска сила

Силен земјотрес ја погоди Јапонија