Јапонската влада не сака да брза со разговорите за слободна трговија со Британија

Од:

Владата на Јапонија не сака да брза со разговрите за слободна трговија со Британија, затоа што за Токио, во овој момент, е поважно таков договор да има со ЕУ, пишуваат лондонските медиуми, предупредувајќи на можното разочарување за премиерот Тереза Меј, која од денеска престојува во Јапонија.

Во британската делегација се наоѓа и министерот за надворешна трговија Лијам Фокс, а со премиерот допатува и бројна делегација на британскиот бизнис, што на посетата треба да и даде деловен карактер.

Медиумите во Британија, меѓутоа, потсетуваат дека посетата се одвива во време кога поголемиот дел од јапонските компании расправаат околу можното преселување на нивните седишта од Лондон во континенталниот дел од Европа, поради процесот на Брегзит и британското повлекување од ЕУ.

Јапонија и Унијата се сосема блиску до потпишувањето нов трговски договор, па во сегашната ситуација, официјален Лондон може да смета само на тоа, да го искристи тој момент, како основа за правење посебен договор со Британија, по Брегзит.

Во разговор со британските новинари кои ја придружуваат во Јапонија, Меј признала дека тамошните бизниси сакаат да бидат сигурни дека Британија и нејзината економија нема да се најдат на „работ од амбисот“ по излегувањето од ЕУ, во март 2019 година.

Приврзаниците за „тврд“ Брегзит и за целосно раскинување на досегашните врски со Унијата, меѓу кои е и министерот Фокс, тврдат дека Британија уште сега може и треба да отвори „дијалог со странските партнери„ за правење свои, посебни договори за слободна трговија.

Кругот на „тврдите“ брегзитери продолжува да бара од ЕУ да прифати паралелни разговори, за раздружување и за идните трговски врски на Лондон и на Брисел, што ЕУ категорично го отфрла, инсистирајќи дека за трговијата ќе може да се расправа откако ќе се постигне спогодба за главните прашања во започнатите преговори за Брегзит.

Британија не може сега да преговара, а уште помалку да прави договор за слободна трговија со ниту една земја, затоа што се уште е членка на ЕУ. Тој процес би можел да биде отворен после март 2019 година.

Јапонија досега на неколкупати изрази загриженост за влијанието на Брегзит врз нејзините фирми во Британија, во кои работат 140 илјади британски работници.

Медиумите во Лондон најавуваат дека јапонскиот премиер Шинѕо Абе, од Тереза Меј ќе бара дополнителни гаранции дека ништо лошо нема да се случи со јапонските инвестиции.

Европските седишта на банката Номура, компанијата „Хитачи„ како и автомобилските производители „Хонда“ , „Нисан“ и „Тојота“ сега се наоѓаат во Лондон.

Би можело да ве интересира

Човекот кој најдолго на светот чекаше за извршување на смртната казна е ослободен

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Поплави во Јапонија: Шест лица загинаа, има и исчезнати, градските улици под вода

Високи британски функционери подготвија детален план во случај на смрт на познатиот мачор Лери од Даунинг Стрит

A1on

(ВИДЕО) Гори историската зграда Сомерсет во центарот на Лондон, пожарот го гаснат стотина пожарникари

A1on

(ВИДЕО) Први снимки од разорниот земјотрес во Јапонија

Силен земјотрес ја погоди Јапонија, издадено предупредување за цунами