Јапонската премиерка стана вирален хит поради фотографија за време на вечерата во Белата куќа

Од:

Јапонската премиерка Санае Такаичи беше видливо расположена за време на свечената вечера во Белата куќа, а една од нејзините фотографии стана вирална на интернет.

За време на вечерата, таа со весел тон му го честиташе роденденот на Барон Трамп, што предизвика насмевка од американскиот претседател Доналд Трамп.

Иако беше очигледно расположена и опуштена за време на гала вечерата, за јапонската премиерка посетата на Вашингтон беше исклучително важна, но и предизвикувачка во некои моменти.

За време на состанокот во Овалната соба, Трамп во еден момент, одговарајќи на прашање од новинар, праша зошто Јапонија не ги информирала за нападот врз Перл Харбор.

Шегата дојде како одговор на прашањето на јапонски новинар „зошто Трамп не ја информирал Јапонија за првичниот напад врз Иран“.

Трамп рече дека елементот на изненадување е клучен за успехот на операцијата, повлекувајќи паралела со нападот врз Перл Харбор.

„Никому не кажавме затоа што сакавме изненадување. Кој знае подобро за изненадувања од Јапонија? И токму затоа постигнавме огромен успех во првите два дена“, рече Трамп, што ги насмеа многумина во просторијата, но предизвика и срам на лицето на премиерката на Јапонија.

Би можело да ве интересира

САД: Иран со Ормутскиот теснец се обидува да изнуди отстапки за време на преговорите

„Хуриет“: Загубите на американската авијација пресуди за исходот од војната

Болат: НАТО не е обврзан да ѝ помогне на Америка во војна

Техеран поставува услови: Планот од 10 точки на Иран станува основа на мировните преговори

Хамнеи постави ултиматум

Техеран не сака прекин на огнот што би им овозможило на САД и Израел повторно да нападнат

Горан Наумовски