Јапонска стартап компанија измисли заштитна маска која преведува осум јазици

Од:

Јапонската стартап компанија „Донат Роботикс“ измисли паметна маска за време на пандемијата на коронавирус, која помага во комуникација и при физичко дистанцирање.

Паметната маска Ц-Фејс може во комбинација со апликација да препише диктат, да го зголеми волуменот на гласот на корисникот и да преведе говор на осум различни јазици.

Маската има отвори на предната страна, па затоа не штити од Ковид-19, и треба да се носи преку стандардна заштитна маска. Таа е направена од пластика и силикон и има вграден микрофон, кој преку блутут може да се поврзе со смартфон.

Ц-Фејс нуди можност за превод на осум јазици: кинески, корејски, виетнамски, индонезиски, англиски, шпански, француски, и обратно.

Би можело да ве интересира

Човекот кој најдолго на светот чекаше за извршување на смртната казна е ослободен

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Поплави во Јапонија: Шест лица загинаа, има и исчезнати, градските улици под вода

(ВИДЕО) Први снимки од разорниот земјотрес во Јапонија

Силен земјотрес ја погоди Јапонија, издадено предупредување за цунами

Четири лица загинаа во пожар во Токио

Силен земјотрес ги погоди јапонските острови