Јапонката Мисао Окава најстара жена во светот

Од:

Јапонката Мисао Окава денеска доби признание и сертификат од Гинисовата книга на рекорди дека е најстарата жена во светот со 114 години.

Окава, која следната недела ќе го прослави својот 115-ти роденден, рече дека е „многу среќна“ што го добила признанието и сертификатот од Гинисовата книга на рекорди.

Откако ги изеде омилените суши, Окава малку задрема седејќи во нејзината количка покрај тригодишната правнука Хибики.

На прашањето на новинарите да ја открие тајната на долговечноста, таа рече дека треба да се „чуваме од болести“.

Според Геронтолошкиот истражувачки институт кој ги потврдува податоците за годините за Гинис, Окава е родена на 5 март 1898 година.

Таа живее во дом за стари лица во Осака, чија  управничка на Томохито Окада вели дека старицата јаде се што ќе посака.

Најстариот човек во светот според Гинис е 115-годишниот Џиромоне Кимура, кој исто така живее во Јапонија.

„Земјата на изгрејсонцето“ има најголем број на стогодишнаци во светот, со над 51.000 лица повозрасни од сто години. Повеќе од 87 отсто од нив се жени.

Окава, која се омажила во 1919 година, има три деца – две ќерки и еден син, четири внуци и шест правнуци.

Нејзиниот син Хироши (90) рече дека иако наследил некои гени од мајка му, се сомнева дека ќе може да ја достигне нејзината долговечност.

– Од страната на мојот татко има и такви кои се долговечни, но и некои кои не се, како мојот татко кој почина на 36 години. Затоа се соменавам дека ќе живеам колку неа, изјави Хироши.

Би можело да ве интересира

Силен земјотрес ги погоди јапонските острови

ВИДЕО: Силен земјотрес од 6,1 степен ја погоди Јапонија

Катерина Ѓуровски

ВИДЕО: Седуммина мртви во превртениот танкер кај Јапонија

ВИДЕО: Кај Јапонија се преврте танкер

Катерина Ѓуровски

Јапонија влезе во рецесија, Германија стана трета најголема економска сила

Силен земјотрес ја погоди Јапонија