Јапонија влезе во рецесија

Од:

Јапонската економија неочекувано влезе во рецесија во третиот квартал. Поради тоа премиерот Шинзо Абе најверојатно ќе се откаже од непопуларното зголемување на ДДВ и од распишувањето нови предвремени избори, две години пред истекот на мандатот.

Јапонската економија во третиот квартал ослаби за 0,4 проценти, по падoт од 1,9 проценти во периодот од април до јуни. Економистите во третиот квартал очекуваа пораст за 0,5 проценти.

Третата најголема економија во светот, според прогнозите, во наредниот период ќе оствари пораст, но потрошувачката и извозот во моментов се слаби, со што е отежната ситуацијата во која се наоѓаат компаниите со големи резерви на стока. /Мета

Би можело да ве интересира

Силен земјотрес ги погоди јапонските острови

ВИДЕО: Силен земјотрес од 6,1 степен ја погоди Јапонија

Катерина Ѓуровски

ВИДЕО: Седуммина мртви во превртениот танкер кај Јапонија

ВИДЕО: Кај Јапонија се преврте танкер

Катерина Ѓуровски

Јапонија влезе во рецесија, Германија стана трета најголема економска сила

Силен земјотрес ја погоди Јапонија