Јапонија: Тајфун се приближува кон остров Кјушу, на удар две нуклеарки

Од:

Тајфунот Неогури од кој на јапонакиот остров Окинава, починаа две лица, а најмалку 40 се повреден, утрово се наоѓа на околу 500 киломери од југозападниот брег на островот Кјушу.

Метроролозите најавуваат дека тајфунот би можел да го погоди Кјушу и да продолжи да се движи источно долж јапонскиот архипелаг и дека кон крајот на неделава ќе го зафати и Токио.

Се претпоставува дека Неогури ќе помине покрај двете нуклеарки, кои се наоѓаат на островот Кјушу, но и дека би можел да го погоди и островот Шикоку, каде што има уште една нуклеарка.

Инаку поради тајфунот во Окинава беа евакуирани половина милион луѓе, а 70.000 лица останаа без електрична енергија. Окинава и денеска е соочена со сериозна ситуација, бидејќи се очекуваат обилни врнежи кои би можел да предизвикаат поплави, поради што се уште е на сила предупредување поради невремето.

Е. Г.

Би можело да ве интересира

Силен земјотрес ги погоди јапонските острови

ВИДЕО: Силен земјотрес од 6,1 степен ја погоди Јапонија

Катерина Ѓуровски

ВИДЕО: Седуммина мртви во превртениот танкер кај Јапонија

ВИДЕО: Кај Јапонија се преврте танкер

Катерина Ѓуровски

Јапонија влезе во рецесија, Германија стана трета најголема економска сила

Силен земјотрес ја погоди Јапонија