Јапонија поради земјотрес може да се соочи со недостиг од тоалетна хартија

Од:

Јапонската Влада апелираше граѓаните да направат резерви на тоалетна хартија, бидејќи повеќе од 40 отсто од производството на тој артикл доаѓа од многу трусно подрачје.

Јапонското Министерство за трговија и индустрија синоќа промовираше специјална тоалетна хартија за употреба во вонредни ситуации.

Владата наведува дека 41 отсто од тоалетната хартија се произведува во областа Шизуока, едно од најтрусните подрачја во Јапонија.

Тошијуки Хашимото од Министерството за трговија и индустрија предупреди дека до криза со недостиг од тоалетна хартија може да дојде во рок од еден месец по евентуален силен земјотрес во таа област.

Јапонските власти сериозно ги сфатија предупредувањата за подготвеност по евентуални катастрофи, посебно по 2011 година кога во земјотрес и цунами загинаа над 19.000 луѓе.

Би можело да ве интересира

Силен земјотрес ги погоди јапонските острови

ВИДЕО: Силен земјотрес од 6,1 степен ја погоди Јапонија

Катерина Ѓуровски

ВИДЕО: Седуммина мртви во превртениот танкер кај Јапонија

ВИДЕО: Кај Јапонија се преврте танкер

Катерина Ѓуровски

Јапонија влезе во рецесија, Германија стана трета најголема економска сила

Силен земјотрес ја погоди Јапонија