Јапонија: Пет загинати и 45 повредени во удар на тајфунот „Неогури“

Од:

Пет лица загинаа и 45 се повредени досега во Јапонија поради лизгање на земјиште и поплави предизвикани од силниот тајфун „Неогури“, јави ИТАР-ТАСС.

Во реонот на градот Нагисо во префектурата Нагано при лизгање на земјиште е урната мала станбена зграда при што животот го загуби 12-годишно момче.

Во поплави на островот Шикоку и во префектурата Фукушима на островот Хоншу се удавија две лица.

Претходно беше соопштено за смрта на двајца рибари. Поради тајфунот откажани се над 193 летови, а не собраќаат и брзите возови на Хоншу. Невремето се движи кон североисток крај тихооекансото крајбрежје на Јапонија.

Би можело да ве интересира

Силен земјотрес ги погоди јапонските острови

ВИДЕО: Силен земјотрес од 6,1 степен ја погоди Јапонија

Катерина Ѓуровски

ВИДЕО: Седуммина мртви во превртениот танкер кај Јапонија

ВИДЕО: Кај Јапонија се преврте танкер

Катерина Ѓуровски

Јапонија влезе во рецесија, Германија стана трета најголема економска сила

Силен земјотрес ја погоди Јапонија