Јапонија: Откажани над 90 летови поради тајфунот „Дујуан“

Од:

Над 90 летови се откажани денеска на јапонскиот остров Окинава поради приближувањето на моќниот тајфун „Дујуан“, јавуваат локалните медиуми, пренесува ДПА.

Околу 300 жители се евакуирани од своите домови на островите Јонагуни и Ишигаки, а над 100 домаќинства се без електрична енергија.

Брзината на ветерот во центарот на тајфунот достигнува до 70 метри во секунда. Тој се движи се брзина од 20 километри на час кон северозапад во насока на Тајван, по што се очекува да стигне до бреговите на Кина.

Тајванските власти објавија предупредување за опасност од поплави во крајбрежните региони.

Би можело да ве интересира

Силен земјотрес ги погоди јапонските острови

ВИДЕО: Силен земјотрес од 6,1 степен ја погоди Јапонија

Катерина Ѓуровски

ВИДЕО: Седуммина мртви во превртениот танкер кај Јапонија

ВИДЕО: Кај Јапонија се преврте танкер

Катерина Ѓуровски

Јапонија влезе во рецесија, Германија стана трета најголема економска сила

Силен земјотрес ја погоди Јапонија