Јапонија планира да испрати околу шест милиони долари за помош на бегалци од зоната на конфликт во Сирија. Средствата ќе бидат за купување облека и храна за бегалците.
Помошта ќе се реализира преку Светската програма на ОН за храна.
ОН соопштија дека денеска во Киев ќе преразгледаат план за реагирање во украинската криза вреден 316 милиони долари поради заострувањето на ситуацијата во јануари. Во декември минатата година ОН претстави т.н. стратешки план за реакција во Украина според кој за помош на настраданите од јануари до декември 2015 година ќе се неопходни 189 милиони долари.