Јапонија нема да преговара со Кина за островите Источно Кинеско Море

Од:

Новиот јапонски премиер Шинзо Абе денеска изјави дека нема да преговара со Кина за спорните острови во Источно Кинеско Море.

Јапонија тврди дека кинески бродови и авиони често навлегуваат во јапонските територијални води и воздушен простор.

Тензиите меѓу Токио и Пекинг се зголемија откако јапонската Влада во септември минатата година купи три острови од приватен сопственик. Спорните острови во Јапонија се познати како Сенкаку, а во Кина – Диаоју.

Абе, чија конзервативна Либерално демократска партија се врати на власт по убедливата победа на изборите минатиот месец, вети цврст став на Владата за територијалниот спор со Кина.

Би можело да ве интересира

Силен земјотрес ги погоди јапонските острови

ВИДЕО: Силен земјотрес од 6,1 степен ја погоди Јапонија

Катерина Ѓуровски

ВИДЕО: Седуммина мртви во превртениот танкер кај Јапонија

ВИДЕО: Кај Јапонија се преврте танкер

Катерина Ѓуровски

Јапонија влезе во рецесија, Германија стана трета најголема економска сила

Силен земјотрес ја погоди Јапонија