Јапонија ја обнови работата на вториот нуклеарен реактор на централата „Сендаи“

Од:

Нуклеарен реактор, што се наоѓа во близина на активен вулкан во Јапонија, беше пуштен во експлоатација денеска, јави ДПА.

Тоа е вториот реактор во земјата, што ја обновува работата со нови построги безбедносни правила, усвоени по нуклеарната катастрофа во Фукушима во 2011 година.

Компанијата оператор Кјушу електрик пауер, го пушти во експлоатација реакторот 2 на атомската централа „Сендаи“, што се наоѓа на околу илјада километри југозападно од Токио.

Пред околу два месеци беше активиран и реакторот 1 на нуклеарната централа.

„Сендаи“ се наоѓа на околу 50 км од активниот вулкан Сакураџима на јужниот остров Кјушу.

Би можело да ве интересира

Силен земјотрес ги погоди јапонските острови

ВИДЕО: Силен земјотрес од 6,1 степен ја погоди Јапонија

Катерина Ѓуровски

ВИДЕО: Седуммина мртви во превртениот танкер кај Јапонија

ВИДЕО: Кај Јапонија се преврте танкер

Катерина Ѓуровски

Јапонија влезе во рецесија, Германија стана трета најголема економска сила

Силен земјотрес ја погоди Јапонија