Јапонија: Извршување на шеста смртна казна

Од:

Во Јапонија денес со бесење, ќе му биде одземен животот на седумдесет и тригодишен маж, осуден на смрт поради убиства и кражби, што претставува шеста егзекуција во државата за оваа година.

Министерството за правда соопшти дека бесењето на Токухиса Кумагаи ќе биде извршено во Токио.

Кумагаи во 2004 година, убил сопственик на еден ресторан и украл торба со 400.000 јени (4.000 долари).

Во февруари се егзекутирани три осуденици, а во април уште двајца. На извршување на овој вид казна чекаат уште 132 лица.

Како што наведуваат агенциите, во државата сите смртни казни се извршуваат со бесење.

Организациите за заштита на човековите права често ја критикуваат Јапонија поради овој вид казна, но резултатите од истражувањата на јавното мислење покажуваат дека Јапонците го поддржуваат овој систем.

Елена Георгиевска

Би можело да ве интересира

Силен земјотрес ги погоди јапонските острови

ВИДЕО: Силен земјотрес од 6,1 степен ја погоди Јапонија

Катерина Ѓуровски

ВИДЕО: Седуммина мртви во превртениот танкер кај Јапонија

ВИДЕО: Кај Јапонија се преврте танкер

Катерина Ѓуровски

Јапонија влезе во рецесија, Германија стана трета најголема економска сила

Силен земјотрес ја погоди Јапонија