Јапонија се уште работи заедно со Јордан на ослободување на јапонскиот новинар и јордански пилот, кои во заложништво ги држат џихадисти на ИСИС, соопштија официјални лица неколку дена по егзекуцијата на другиот јапонски заложник.
-Двете држави тесно соработуваат за враќање на своите државјани. И ослободувањето на јорданскиот пилот е прашање за Јапонија-изјави заменикот на јапонскиот министер за надворешни работи, Јасухиде Накајеме во Аман, пренесе „Франс прес“.
Во соопштението на јапонското министерство се наведува дека јорданскиот крал Абдулах ветил целосна соработка со Јапонија, со цел да се обезбеди ослободување на 47 годишниот новинар Кензо Гота.
Меѓутоа јапонските медиуми пренесоа дека на Аман веројатно приоритет им е ослободување на нивниот пилот.
„Франс прес“ наведе дека Јапонија најверојатно ќе се соочи со отпор од Вашингтон, доколку дојде до каков било вид на размена за осободување на заложниците.
Е. Г.