Јапонија: Го убила сопругот со филџан за кафе

Од:

Шеесет и едногодишната Емико Хиросе, го убила својот седумдесет годишен сопруг со филџан за кафе, откако открила дека ја изневерувал, пренесуваат агенциите.

Таа го нападнала сопругот откако дознала за неговата вонбрачна афера, при што со филџан за кафе, му задала повеќе удари врз лицето и главата, пренесе „Франс прес“.

Јасуо Хиросе, кој што бил професор на Универзитет во Јокохама, бил префрлен во болница, но им подлегнал на повредите.

-Имал љубовна врска со жената која што ја мразам. Полудев и го удрив со филџанот повеќе од десет пати – изјави таа пред полицијата, која што ја приведе под обвинение обид за убиство.


Елена Георгиевска

Би можело да ве интересира

Силен земјотрес ги погоди јапонските острови

ВИДЕО: Силен земјотрес од 6,1 степен ја погоди Јапонија

Катерина Ѓуровски

ВИДЕО: Седуммина мртви во превртениот танкер кај Јапонија

ВИДЕО: Кај Јапонија се преврте танкер

Катерина Ѓуровски

Јапонија влезе во рецесија, Германија стана трета најголема економска сила

Силен земјотрес ја погоди Јапонија