Јапонија ги приземји авионите „Дримлајнер“

Од:

Јапонскиот авиопревозник „Ол Нипон Ервејз“ (АНА) денеска ја приземји својата флота од авиони „Боинг 787С Дримлајнер“ најмалку до крајот на мај, бидејќи се уште не може да се реши проблемот со овие летала.

Компанијата поради тоа откажа 1.714 летови во април и мај, период кој се совпаѓа со „Златната недела“ на најпопуларните јапонски празници. Со ова бројот на откажаните летови на компанијата ќе достигне 3.600 откако авионите „Дримлајнер“ првпат беа приземјени минатиот месец.

Овојпат ќе бидат откажани 1.250 летови на домашни линии и 464 меѓународни, меѓу кои и кон Сеул, Сиетл и Франкфурт.

АНА е најголем купувач на авионите „Дримлајнер“ досега, со 17 од вкупно 50 „Боинг 787С“, колку што летаат ширум светот.

Новата генерација авиони е погодена од серија проблеми кои кулминираа со глобална тревога издадена од Федералната администрација за авијација на САД по два инциденти со батериите на инструментите во авионите.

Би можело да ве интересира

Силен земјотрес ги погоди јапонските острови

ВИДЕО: Силен земјотрес од 6,1 степен ја погоди Јапонија

Катерина Ѓуровски

ВИДЕО: Седуммина мртви во превртениот танкер кај Јапонија

ВИДЕО: Кај Јапонија се преврте танкер

Катерина Ѓуровски

Јапонија влезе во рецесија, Германија стана трета најголема економска сила

Силен земјотрес ја погоди Јапонија