Јапонија: Американски пилот нападна момче

Од:

Американски пилот нападнал момче, на јапонскиот остров Окинава, што е оценето како „долевање масло на огнот“, кога станува збор за проблемите што ги имаат локалните жители со војниците на САД.

Властите наведоа дека 24-годишен пилот, чие име не е соопштено, е осомничен дека откако се опил, упаднал во еден од становите, кои се наоѓале во истата зграда со барот, удрил 13-годишно момче, го скршил телевизорот и се обидел да избега низ прозорот.

Инцидентот се случи две недели по воведувањето на полициски час за сите војници на САД во Јапонија, откако претходно двајца од нив беа обвинети за силување на Јапонка. Јапонското министерство соопшти дека владата поднела официјална жалба до американскиот амбасадор Џон Рос.

Во Јапонија има околу 52 илјади американски војници, од кои половина се стационирани на Окинава.

Би можело да ве интересира

Бела куќа: Апсолутно е невозможно САД да ја вратат Статуата на слободата во Франција

Медиуми: САД се повлекуваат од Меѓународниот центар за злосторства против Украина

Американската војска се подготвува за атак на Панамскиот канал

САД тајно ги заоструваат санкциите против Русија

Авион се урна во близина на американски аеродром, нема преживеани

Горан Наумовски

САД предлагаат продолжување на прекинот на огнот во Газа до април