Јапонците планираат мисија на Месечината

Од:

Јапонија планира да почне беспилотна мисија на Месечината, што треба да биде чекор кон идните посети на Марс, најавија претставници на Јапонската вселенска агенција (ЈАХА).

Агенцијата на Владата и Министерството за образование, наука и технологија им го претстави планот за сонда на Месечината, пренесуваат француските медиуми.

Доколку потфатот биде успешен, Јапонија ќе стане четвртата земја која испратила беспилотно летало на Месечината, по Русија, САД и Кина.

Тоа е почетен чекор и дел од процедурата што можно е да се спроведе, пред планот да биде и официјално одобрен, изјавија од Агенцијата.

Според пишувањето на весникот „Јомиури Шимбун“, планирано е мисијата да почне во април 2018 година, а проценките се дека ќе чини околу 15 милијарди јени (126 милиони долари).

Сондата, наречена СЛИМ, ќе ја носи домашната ракета на цврсто гориво „Епсилон“, наведува весникот, додавајќи дека ресорното министерство планира следната недела да побара буџет за програмата. Станува збор за дел од јапонските напори да се подготви за мисијата на Марс.

Би можело да ве интересира

Силен земјотрес ги погоди јапонските острови

ВИДЕО: Силен земјотрес од 6,1 степен ја погоди Јапонија

Катерина Ѓуровски

ВИДЕО: Седуммина мртви во превртениот танкер кај Јапонија

ВИДЕО: Кај Јапонија се преврте танкер

Катерина Ѓуровски

Јапонија влезе во рецесија, Германија стана трета најголема економска сила

Силен земјотрес ја погоди Јапонија