Јапонското истражувачко летало Хајабуса2 (Сив сокол) денеска е испратено во вселената со задача да крене во воздух кратер на оддалечен астероид и да донесе примерок од карпа, со надеж дека тие податоци ќе понудат нови сознанија за настанокот на Земјата.
Хајабуса2 би требало да стаса до астероидот кон средината на 2018 година, да мине 18 месеци проучувајќи го и да се врати на Земјата кон крајот на 2020 година.
Малиот уред би требало да се одвои од експлорерот и да испука проектил кој ќе го разори кратерот со пречник од неколку метри. Хајабуса2, кој за време на експлозијата ќе се крие зад астероидот, потоа ќе се обиде да собере материјал од внатрешноста на кратерот.
Астероидите можат да пружат информации за формирањето на сончевиот систем и неговата еволуција.