Јапонците денеска гласаат на парламентарни избори

Од:

Јапонските избирачи денеска гласаат на парламентарни избори, по повеќе од три години управување со земјата од странан на Јапонската демократска партија (ЈДП), пренесе ДПА.

Едно од главните прашања на овие избори е атомската енергетика. Нуклеарната катастрофа во Фукушима од минатата година предизвика повнимателен однос кон атомската енергија, но тоа се чини дека може да има различен ефект врз изборите.

Најголемата опозициска партија-Либерално-демократската партија (ЛДП), во чие полувековно управување со земјата беа изградени сите 54 атомски реактори во земјата, води во социолошките истражувања, и покрај тоа што повеќето Јапонци се против нуклеарната енергија.

ЛДТ соопшти дека доколку победи на изборите, за три години ќе одлучи дали повторно да ги пушти во работа запрените атомски електроцентрали.

ЈДП ветува дека постепено ќе се откаже од атомската енергија меѓу 2030 и 2040 година.

Поддршката за оваа партија, меѓутоа, се намалува, откако таа ги зголеми даноците и покрај ветувањето од пред изборите во 2009 година дека тоа нема да го направи.

Друга важна тема на изборите е економијата. Јапонија е во рецесија и се бори со зголемувањето на вредноста на јенот, намалениот извоз, забавувањето на светската економија, огромниот државен долг и постојаната дефлација.

ЛДП повика на поагресивна валутна политика и соопшти дека ако дојде на власт, веднаш ќе преземе мерки за стимулирање на економијата. Но ниту таа, ниту ЈДП, се заземаат за дамнешните проблеми на Јапонија со недостигот од работни места и нестабилното вработување.

Тврдокорниот лидер на ЛДП Шиндзо Абе може да го искористи истрелувањето на ракетата од Северна Кореја за да ја истурка својата програма за менување на пацифистичкиот устав на Јапонија и покрај отпорот во јавноста.

Во ЈДП, исто така, има извесна поддршка за промена на уставот, според која армијата може да се состои само од сили за самоодбрана.

Некои пратеници сметаат дека ваквата поправка на уставот би ја засилила армијата и би дозволила Јапонија да развие зрела, независна надворешна политика, која земјата ќе ја направи рамноправен партнер на САД.

Би можело да ве интересира

Силен земјотрес ги погоди јапонските острови

ВИДЕО: Силен земјотрес од 6,1 степен ја погоди Јапонија

Катерина Ѓуровски

ВИДЕО: Седуммина мртви во превртениот танкер кај Јапонија

ВИДЕО: Кај Јапонија се преврте танкер

Катерина Ѓуровски

Јапонија влезе во рецесија, Германија стана трета најголема економска сила

Силен земјотрес ја погоди Јапонија