Јанош Адер: Стотици илјади имигранти пристигнуваат на унгарската граница

Од:

Стотици илјади имигранти пристигнуваат на унгарската граница, изјави денеска во Будимпешта шефот на државата Јанош Адер.

– Кој би претпоставил пред 10 години дека ќе има толку голема преселба и дека стотици илјади имигранти ќе пристигнат на унгарската граница, истакна Адер.

Унгарија претставува влез за мигрантите во ЕУ, кои се движат по балканската маршрута од Блискиот исток преку Турција, Грција, Македонија и Србија. Во земјата се регистрирани 86.000 илегални мигранти во првите седум месеци од годинава.

И покрај тоа што Унгарија е само транзитна земја за бегалците, премиерот Виктор Орбан започна силна кампања против миграцијата, вклучувајќи и подигнување ограда долж границата со Србија.

Следниот месец се очекува унгарскиот Парламенмт да усвои закон, со кој ќе се воведат построги мерки, меѓу кои четири години затвор за лица кои незаконски ќе ја поминат границата.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Масновните рации и депортации, Трамп ќе ги почне уште првиот ден: Чикаго прв на удар

Катерина Ѓуровски

Мелони: Намалувањето на приливот на нерегуларни мигранти во Италија е резултат на големата работа на владата

Приведени двајца криумчари на мигранти

Кичевчанец шверцувал петмина мигранти од Кина

Горан Наумовски

Пронајдени десет мигранти во две возила на преминот „Богородица“

Горан Наумовски

Повеќе од 35.000 мигранти пристигнаа во Велика Британија оваа година