Јакнењето на воениот потенцијал на НАТО во близина на руската граница претставува закана за безбедноста на Русија, изјави денеска портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков.
– Запознати сме со прилично непријателските акции на Алијансата кога станува збор за јакнење на нејзиниот потенцијал во близина на нашата граница. Веруваме дека тие акции ги загрозуваат националните интереси и безбедноста на Русија, рече Песков.
Тој истакна дека најновите акции на НАТО уште еднаш потврдуваат дека Алијансата не е во состојба да се адаптира на современите услови и истовремено да ја има својата првобитна задача на заплашување и спротивставување на Русија.