Јаху истражува наводен упад во мејловите на половина милион корисници

Од:

Компанијата Јаху води истрага во врска со информацијата за нарушување на безбедноста, што може да им наштети на електронските пошти и пораки на околу половина милион корисници.

Компанијата не соопштува колку е голема штетата и како тоа се случило.

Технолошките новински веб сајтови CNET, Ars Technica и Mashable соопштија дека хакери, познати како D33D Company, ја преземале одговорноста за нападот и дека информацијата, која била објавена на интернет страницата на групата, содржи над 453.000 кориснички имиња и пораки од непознат поддомеин на Јаху.

D33D Company соопшти дека ги украла пораките преку операцијата Ес Ку Ел (SQL).

– Се надеваме дека оние кои се одговорни за безбедноста на овој поддомеин ќе го прифатат ова како предупредувачки знак, се наведува во соопштението на групата.

Би можело да ве интересира

„Легион плеј“ – нова рачна конзола на „Леново“

Ана Ололовска

Сметководителите ќе исчезнат, ќе бидат заменети со роботи

Ана Ололовска

„Нинтендо“ го претстави новиот „Свич ОЛЕД“

Ана Ололовска

„Уан-Плус“ го претстави поевтиниот модел „9-Р“

Ана Ололовска

Банка во Сингапур воведе технологија за препознавање лица, за услугите со банкомат

Ана Ололовска

Ако машините завладеат со светот, на маицата напишете „Робот“

Ана Ололовска