Доколку потворно почнат жестоки отворени борби во Доњецкиот регион, централните власти ќе воведат воена состојба во Украина, изјави синоќа украинскиот премиер Арсениј Јацењук за телевизијата „1+1“.
– Доколку ова примирје заврши како што завршија и претходните примирја, не само во Украина, нема друга можност, истакна Јацењук.
Според Јацењук за постојан мир во Донбас регионот е потребно прекин на огнот, рускиот претседател Владимир Путин да ги повлече своите платеници, армијата и опремата, а Украина целосно да ја врати контролата над дражавните граници.