Младата Кепари од Капуа, Нова Гвинеја е обвинета за убиство на едно шестогодишно момче со магија. Тој умрел од болки во стомакот и градите, а според еден француски медиум, девојката признала дека го убила.
Роднините на умреното дете прво ја мачеле, ја соблекле гола, а потоа ја полиле со бензин и ја запалиле на буниште.
Полицијата и пожарникарите, кои се обидувале да ја спасат девојката биле избркани од страна на бесната толпа.
Како што телевизијата Би-Би-Си пренесува, шефот на полицијата изјавил дека сите кои се одговорни за ова злодело ќе бидат изнесени пред законот.
Многу од жителите на островот веруваат повеќе во магија отколку во природните причини за смрт, па затоа и во 2009 година била запалена една жена од истата причина.