Големиот куфер на француски државјанин го привлече вниманието на вработените на желзничката станица во Тереспол (на границата меѓу Полска и Белорусија). На нивно изненадување од него излезе 30-годишна жена, изјави претставник на пограничната полиција, Даријус Сјеницки.
– Таа беше во добра состојба и не и беше потребна медицинска помош, објасни тој.
По испрашувањето во станицата, брачната двојка одлучиле да се вратат во Белорусија.
Кога возот тргнал од Ница за Москва, 60-годишниот Французин, чиј идентитет не е откриен, не знаел дека неговата сопруга може слободно да влезе со него во шенгенската зона.
– Да патуваше седејќи покрај сопругот, би поминала без проблеми. Но заради обидот да се избегне граничната контрола, двојката ризикува казна од три години затвор, изјави Сјеницки.