Извршниот совет на ОЗХО усвои патоказ за уништување на сирискиот хемиски арсенал

Од:

 Извршниот совет на Организацијата за забрана на хемиското оружје (ОЗХО) одобри патоказ за уништување на сирискиот арсенал, соопшти порпаролот на Организацијата во Хаг, Мајкл Лухан, пренесоа француските медиуми.

-По малата преправка во документот, во последен момент, Извршнот совет на ОЗХО се собра на седница и во 00,38 часот (22,38 часот по Гринич) усвои одлука за забрзана програма за уништување на сириското хемиско оружје, изјави Лухан пред зградата на Организацијата во Хаг.

Малата исправка во документот била направена во последен момент, но оваа модификација не ги зафаќа фиксираните датуми и рокови, вклучувајќи го и рокот за целосно уништување на хемискиот арсенал – до средината на 2014 година.

-Очекуваме веќе следната недела да имаме екипа на терен во Сирија, рече портпаролот Лухан.

Би можело да ве интересира

Иран го предупреди Израел: Ќе ви одговориме уште посилно, ставете не во искушение

Во израелски напад на Дамаск загина и познатa сириска новинарка

Израел го ликвидирал братот на Башар ал Асад ?

Израелска армија: Го убивме лидерот на Хамас во Сирија

Серија израелски напади врз Сирија, најмалку пет лица загинаа, 19 се ранети

Избегнат руско-американски инцидент во Сирија