Извршена најголема размена на воени заробеници меѓу украинските сили и проруските сепаратисти

Од:

Северно од Доњецк вчера беше извршена најголема размена на воени заробеници меѓу украинските сили и проруските сепаратисти од почетокот на конфликтот во источна Украина.

Дарја Морозова, висок претставник од Доњецката народна република изјави дека Киев и ДНР размениле заробеници по шемата 222 за 150 (222 бунтовника за 150 украински војници).

Размената помина без инциденти. Размената на воени заробеници меѓу Киев и Лугањската народна република е одложена за денеска, без да се дадат повеќе детали за причината.

Размената на воени заробеници беше договорена на средба на Контакт групата за Украина на 24. декември во Минск.

Би можело да ве интересира

Муртезани во Киев потпиша Меморандум за соработка со Украина во процесот на ЕУ интеграција

Романија: Беспилотно летало забележано во Тулчеа, активирана е авијацијата

Кислица: Украина сака мир, но не „по секоја цена“

Русите го нападнаа Киев за време на посетата на Стармер

Зеленски: Трамп може да ја натера Русија да ја запре војната оваа година

(ВИДЕО) Украина: Нападнавме важна руска фабрика за барут

Горан Наумовски