Извор од израелските служби за безбедност го потврди нападот врз Хезболах во Сирија

Од:

Извор од израелските сили за безбедност потврди денеска дека израелски војници извршиле напад во Сирија, во кој беа убиени петмина припадници на либанското шиитско движење Хезболах.

Израелската војска одби да го коментира воздушниот напад, нанесен од хеликоптер во сириската провинција Кунеитра, во близина на окупираната од Израел Голанска висорамнина.

Во нападот бил убиен командант на Хезболах и синот на поранешниот воен лидер на Хезболах Имад Мугние Џихад. Изворот, кој побарал анонимност, изјавил дека израелски хеликоптер го извршил нападот.

Израелските медиуми соопштија дека убиените мажи планирале да нападнат или преземат градови во Северен Израел.

Би можело да ве интересира

Најмалку 42 лица загинаа во израелските напади врз Газа во последните 24 часа

Ели Шарвит е назначен за нов шеф на Шин Бет

ВИДЕО: Нема мир во Газа ниту на празник, Израел ги продолжува нападите

Катерина Ѓуровски

Израелските воздухопловни сили нападнаа зграда во предградие на Бејрут

Кац: Без мир во северните погранични градови на Израел, нема да има мир во Бејрут

Ракети од Либан се истрелани кон Израел