Извор од Ал Каеда потврди ја потврди смртта на лидерот на северноафриканското крило на таа терористичка организација Абделхамид Абу Зеид за време на бомбардирање минатата недела од страна на француските трупи на север во Мали.
Информацијата ја соопшти еден од припадниците на Ал Каеда за Исламски Магреб за приватна мавританска агенција, пренесуваат западни медиуми.
Изворот наведува дека другиот исламистички лидер Мохтар Белмохтар е жив и учествува во акции.
Околу 15 исламистички борци загинаа во текот на ноќта во судири со француски сили и сили од Чад на североисток во Мали, изјави денеска францускиот министер за одбрана Жан-Ив ле Дриан.