Извештај: Во 2014 година убиени се 128 новинари во 32 држави

Од:

Најмалку 128 новинари се убиени во 32 држави во текот на 2014 година, од кои деветмина во Украина, соопшти денеска невладината организација ПЕЦ со седиште во Женева.

– На врвот на листата е Газа, каде израелската армија, во текот на операцијата „Заштитен раб“, уби 16 новинари, следи Сирија со 13 загинати новинари и Пакистан каде се убиени 12, наведува ПЕЦ, оценувајќи ја 2014 како ужасна година за новинарите.

На четврто и петто место се Ирак и Украина, со девет односно десет убиени новинари.

Судирите во Украина и израелската офанзица во Појасот Газа оценети се како ситуации кои довеле до убиство на многу новинари, а ситуацијата во Сирија е окарактеризирана како без преседан поради обезглавување на новинарите, што е забележено на видео-снимки.

Минатата година во светот загинаа 129 новинари.

Според податоците на ПЕЦ, најмалку илјада новинари се убиени последните девет години.

Би можело да ве интересира

Коцевски: Јавно ја осудувам секоја форма на притисок и закани кои се насочени кон замолчување на новинарите

Американците 10 часа ги испрашувале руските новинари кои доаѓале да известуваат за изборите

Почина Исуф Кадриу, дописник на РСЕ од Скопје

Предраг Петровиќ

Ден на слободата на медумите – македонските новинари со потпросечни плати и се уште изложени на закани и напади

А1он

Со плати под просечната, новинарите даруваа крв и го одбележаа Светскиот ден на медиумите – 3 мај

A1on

Во медиумите во Македонија работат 2.100 луѓе, 20% од редовно вработените се во онлајн медиуми

A1on