Израелските власти забранија палестински знамиња на јавните места

Од:

Израелскиот министер за национална безбедност, Итамар Бен-Гвир, и нареди на полицијата да ги отстрани палестинските знамиња од јавните места.

Во синоќешната изјава Бен-Гвир оцени дека истакнувањето на палестинско знаме е „чин на поддршка на тероризмот“.

„Оние кои го прекршуваат законот и веат терористички знамиња поттикнуваат тероризам, па наредив да се отстранат знамињата што го поддржуваат тероризмот од јавниот простор“, рече Бен-Гвир.

Директивата на Бен-Гвир доаѓа откако минатата недела палестинскиот затвореник кој мина 40 годин во затвор за убиство на израелски војник во 1983 година, го вееше палестинското знаме по пристгнувањето во неговото родно место, во северниот дел на Израел.

Извор: МИА

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Израел призна вина за убиството на 15 работници на Итната помош во Газа

(ВИДЕО) Нов израелски напад на Газа, има загинати, меѓу нив и деца

Хамас: Нема да ги преместиме заложниците на безбедно, нивната безбедност сега е одговорност на Израел

Ал Џезира: Израел продолжува со нападите врз Газа, загинаа најмалку осум Палестинци

Израелската војска погодила „600 терористички цели“ во Појасот Газа

Бројот на загинати Палестинци во израелските напади врз Газа се искачи на 62