Израелските власти бараат од банките на Западниот брег затворање на сметките на семејствата на палестинските затвореници

Од:

Официјални палестински претставници соопштија дека Израел ги присилува банките на окупираниот Западен Брег да ги затворат сметките на семејствата на затворениците во израелските затвори, со цел да ги спречат палестинските власти да обезбедат уплати со помош.

Израел долго време се спротивставува на палестинските исплати на семејствата на затворениците и на убиените во конфликтот, вклучувајќи ги и екстремистите, истакнувајќи дека Палестинците со тоа го наградуваат тероризмот, јавуваат американските медиуми.

Палестинците на овие исплати гледаат како на мрежа за социјална безбедност на оние кои со децении живеат под воена окупација.

Кога се дознало што прават израелските власти, демонстрантите доцна синоќа и рано утринава ги искришиле прозорците на филијалите на банките и подметнувале пожари во нив.

Кадора Фарес, претседавач со Здружението на палестински затвореници, изјави дека роднините на сегашните и поранешните затвореници му кажале дека биле присилени да ги затворат своите сметки заради новиот израелски закон што ги казнува банките што вршат исплати.

Според него, семејствата на околу 12.000 сегашни и поранешни затвореници секој месец примаат пари од палестинската власт.

Затворениците кои издржувале повеќе од пет години затвор добиваат околу 700 долари месечно додека не најдат работа, а семејствата добиваат финансиска помош во зависност од бројот на деца.

Би можело да ве интересира

ОН: Израелските доселеници протераа повеќе од 1.720 Палестинци од Западниот Брег

Бајден: Издавањето налог за апсење на израелски лидер е срамота

Горан Наумовски

Најмалку 47 лица загинаа, а 22 се ранети во израелски напад врз Балбек-Хермел во Либан

Израел и Хезболах продолжуваат да се борат и покрај преговорите

Меѓународниот кривичен суд издаде налог за апсење на Нетанјаху

Сирија: Израел изврши воздушен напад врз областа на античкиот град Палмира