За време на нападот на населбата Шеџаја во градот Газа, израелските сили употребиле беспилотни летала за да пукаат врз жителите кои се обидувале да побегнат од своите домови, јавува известувачот на Ал Џезира од Појасот Газа, пренесува Танјуг.
Таа наведува дека локалното население апелира до меѓународните организации да им помогнат во евакуацијата и испораката на потребните намирници, бидејќи моментално немаат пристап до вода, храна и лекови.
Агенцијата на ОН за помош и работа за Палестина (УНРВА) соопшти дека околу 65.000 Палестинци успеале да се евакуираат, но дека голем број луѓе останале заробени.
Катарската новинска агенција во саботата објави дека припадниците на ИДФ пукале во секој што се обидел да си замине, откако седум лица беа убиени таму во петокот.
Израелските сили тврдат дека во Шеџаја има борци на Хамас, од кои неколкумина се вели дека се убиени.