Израелските медиуми објавуваат дека Тел Авив е подготвен да ја заврши војната со Иран

Од:

Израелскиот Ynet пишува, повикувајќи се на официјални лица, дека по нападот на САД врз нуклеарните постројки, Тел Авив сега е подготвен да го заврши конфликтот со Иран, но дека конечната одлука е на иранскиот лидер, ајатолахот Али Хамнеи.

„Ако утре Хамнеи го запре пукањето и каже дека сака да оди кон крајот – ние ќе го прифатиме тоа“, изјавил функционерот за Ynet.

За разлика од официјалните лица цитирани од New York Times, кои рекле дека е можно Иран да отстранил поголем дел од ураниумот и опремата од нападнатите постројки, извори за Ynet изјавиле дека проценката е дека најмалку 80-90 проценти се уништени и дека нуклеарната програма на Иран е назадена за десет години.

„Ја подготвивме јавноста за долгорочна кампања. Не зависи од нас, туку од Иранците. Ако Иранците започнат војна на исцрпување со нас, тоа е долгорочна кампања и сè уште има време, но тоа не е она што го сакаме, сакаме да го затвориме настанот во блиска иднина, оваа недела, а ако тоа се случи, зависи од Хамнеи. Ако тој пука без престан, ќе мора да одговориме на тоа, нема да можеме да го апсорбираме. Наш интерес е да не го продолжуваме ова“, рече изворот.

Исто така, истиот функционер изјави за Ynet дека соборувањето на владата во Иран не била целта на израелската кампања.

Би можело да ве интересира

Макрон на историски минимум: поддршката падна на само 18 отсто

ВИДЕО: Страшни снимки од авион: Пилот лежи во локва крв, патниците го совладаа напаѓачот

Предраг Петровиќ

Пилоти се истепале во авион за Тел Авив: Израелците мислеле дека е киднапирање, кренале ловци

Катерина Ѓуровски

По повеќе од две децении и 4.500 загинати Американци: Утре и последниот американски војник треба да го напушти Ирак

Русија предупреди: Секој напад на Калининград од Британија или НАТО ќе биде одвратен со сите средства, вклучително и нуклеарно оружје

Откриен планот на Трамп за Русија

Предраг Петровиќ