Израелскиот парламент забрани реизбор на критичар на премиерот Бенет

Од:

Израелскиот парламент (Кнесет) му забрани на пратеникот Амихаи Шикли, кој ја напушти десничарската партија на премиерот Нафтали Бенет, да биде реизбран за член на која било партија.

Како што пренесуваат локалните медиуми, ваквата забрана се смета за мала политичка победа на премиерот во време кога се обидува да стабилизира кревка влада, а истовремено е и предупредување за секој друг пратеник во случај да се побуни.

Собраниската комисија со седум гласа за и ниту еден против гласаше против пратеникот Шикли и го прогласи за отстапник.

Шикли ја напушти партијата Јамина на Бенет речиси веднаш по формирањето на владејачката коалиција и се сметаше за можен иден кандидат на опозициската конзервативна партија Ликуд.

Израелските медиуми јавуваат дека Шикли би можел да основа нова партија.

Шикли претходно изјави дека на Израел му е потребна ционистичка влада, а не „некоординирана крпеница“ која зависи од гласовите на арапските пратеници, алудирајќи на фактот дека коалицијата на десничарски, левичарски и центарски партии вклучува и една мала арапска партија за прв пат во еврејската историја.

Извор: МИА

Би можело да ве интересира

Херцог го осуди Хамас за „ужасно“ кршење на договорот за прекин на огнот

Хамас: Телото на Шира било распарчено откако очигледно било помешано со други тела под урнатините

Горан Наумовски

Хагари: Припадниците на Хамас ги убиле децата заложници Ариел и Кфир Бибас „со голи раце“

Израел: Хамас сериозно го прекрши договорот, ова не е тело на мајката на двете момчиња

Иран се закани со трет бран ракетни напади врз Израел во „соодветно време“

Горан Наумовски

Хамас најави ослободување на шест израелски заробеници