Израелскиот министер за одбрана им порача на војниците да се ослободат од сите ограничувања во битката

Од:

Израелскиот министер за одбрана Јоав Галант вечерва за време на состанокот со војниците на границата со Газа изјави дека дал инструкции за ослободување на сите ограничувања во борбата против Хамас.

„Ја презедовме контролата на ситуацијата и преминуваме во целосна офанзива. Благодарение на вашите херојски дејствија во одбранбената мисија, ќе имате право да ја промените реалноста овде“, рече министерот за одбрана на Израел.

Тој рече дека ја виделе цената и ќе бидат сведоци на промената.

„Хамас сакаше промена во Газа и ќе има но за 180 степени поинаква од она што го мислеа. Ќе зажалат за овој момент, Газа нема да се врати на она што беше. Секој што дошол да отсече глави, да убива жени и преживеани од Холокаустот ќе биде уништен со полна сила и без компромис. Она што го видовме во градовите беше масакр, во битките излеговте победници“, рече Галант.

Претходно Галант објави дека започнала опсадата на Газа и дека е прекинато снабдувањето со вода, струја и производи. Исто така, Галант рече дека Израел е во војна со „човечки животни“, користејќи еден вид дехуманизирачки јазик.

Високиот комесар на ОН за човекови права Фолкер Турк предупреди дека најавеното заострување на израелската блокада на Газа е спротивно на меѓународното право.

„Покренување опсада што ги загрозува животите на цивилите со лишување од добрата неопходни за нивниот опстанок е забрането со меѓународното хуманитарно право“, рече Турк.

Би можело да ве интересира

Десет членови на едно семејство, меѓу кои седум деца, загинаа во израелски напад во Газа

Израелските воени пилоти и рекоа на владата дека сакаат мир поради заложниците

Во израелскиот напад на градот Газа загина најмалку 23 лица

Ројтерс: Хезболах ќе преговара за разоружување доколку Израел се повлече од Либан

Израел е подготвен да се согласи на договор за ослободување на сите заложници

ВИДЕО: Светот се занимава со тарифите, Израел ја толчи Газа

Катерина Ѓуровски