Израелски војници убија четворица Палестинци

Од:

Израелските сили убиле четворица Палестинци во одвоени инциденти на окупираниот Западен Брег, соопштија палестинските и израелските власти.

Двајца браќа во текот на ноќта се убиени во близина на градот Рамала, чиј погреб се одржа денеска. Израелските власти соопштија дека знаат за инцидентот и дека се истражува.

Трет маж е застрелан во главата за време на судирите со израелските сили во градот Беит Умар, во близина на градот Хеброн, соопшти палестинското Министерство за здравство.

Подоцна, израелската војска соопшти дека израелски војник бил повреден во нападот кај Кочав Јаков во близина на Рамала. Осомничениот палестински напаѓач бил застрелан од полицијата, а подоцна лекар во болница во Ерусалим ја потврдил смртта. На видео кое кружи на социјалните мрежи, може да се види како автомобил се врти на крстосница и брза кон жена војник која оди по плочникот.

Извор: МИА

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Израел призна вина за убиството на 15 работници на Итната помош во Газа

(ВИДЕО) Нов израелски напад на Газа, има загинати, меѓу нив и деца

Хамас: Нема да ги преместиме заложниците на безбедно, нивната безбедност сега е одговорност на Израел

Ал Џезира: Израел продолжува со нападите врз Газа, загинаа најмалку осум Палестинци

Израелската војска погодила „600 терористички цели“ во Појасот Газа

Бројот на загинати Палестинци во израелските напади врз Газа се искачи на 62