Израелски советници помагаат при опсадата на трговскиот центар во Најроби, но не учествуваат во борбените акции

Од:

Израелски советници им помагаат на властите во Кенија да изработат стратегија за ставање крај на опсадата на трговскиот центар во Најроби, каде исламистички екстремисти убија најмалку 59 лица и се уште држат заложници, изјави претставник на израелските безбедносни сили.

– Има израелски советници, кои помагаат околу стратегијата за преговори, но нема Израелци кои учествуваат во борбената операција за влегување во трговскиот центар, изјави анонимниот израелски претставник, без да соопшти повеќе детали.

Претходно беше објавено дека израелски специјални единици влегле во трговскиот центар во Најроби, кој вчера беше нападнат од припадници на групата Ал Шабаб, кои се уште во „Вестгејт мол“ држат заложници.

Во нападот на трговскиот центар убиени се најмалку 59 лица, а речиси 200 се ранети.

Според Си-Ен-Ен исламистите за заложници држат околу 30 лица. Се претпоставува дека во зградата има меѓу 10 и 15 напаѓачи.

Би можело да ве интересира

Кенија: Масовни демонстрации во Најроби, запален дел од парламентот

Во Кенија се судрија патнички авион и авион за обука, има загинати

Горан Наумовски

ВИДЕО: Голема експлозија во Кенија, двајца мртви и над 220 повредени

Стотици мртви и исчезнати во Кенија: Се изгладнувале до смрт за да го видат Исус

Ана Ололовска

Страшно откритие во Кенија: На пронајдените тела им недостасуваат органи, повеќето од загинатите се деца

Откопани 110 членови на кенискиот култ за гладување: „Прво требаше да умрат децата“