Израелски новинар: Слушнавме многу гласни експлозии. Не беше пријатно

Од:

Новинарот на израелскиот весник Хаарец и жител на Тел Авив, Гидеон Леви, ги опиша иранските ракетни напади врз градот во интервју за Би-Би-Си вечерва.

Леви, кој бил во јавно засолниште во времето на нападот, рече: „Слушнавме многу гласни експлозии. Не беше пријатно чувство“.

Кога го прашале дали иранските ракети биле пресретнати или паднале на земја, тој одговорил: „Дел беа пресретнати, но некои паднаа“.

„Во најмалку два случаи, ракетите паднале директно врз зградите и делумно ги уништиле. Нема смртни случаи, но имало некои повредени. И доста уништување“.

Би можело да ве интересира

Најмалку шестмина загинати во израелски напад врз болница во Газа

Венс размислува за директна средба со ирански функционер за ставање крај на војната

Иран отвори прв воен камп за обука на жени

Нетанјаху: Влада на национално единство сè уште е можна

Bloomberg: Иран произведува 50 балистички ракети месечно

Иран ги обвинува САД за поттикнување шпионажа: Награда од 20 милиони долари ги става нуклеарните постројки во опасност