Израелски министер за одбрана: Хамас ја загуби контролата врз Газа, на пат сме целосно да ја преземеме

Од:

Израелскиот министер за одбрана Јоав Галант изјави дека палестинската милитантна група Хамас ја изгубила контролата врз Појасот Газа и дека израелските одбранбени сили (ИДФ) се на пат да ја окупираат целосно Газа.

Галант во своето обраќање до јавноста зборуваше за состојбите на бојното поле, т.е. за статусот на израелската офанзива во Газа.

„Нема сила на Хамас што може да го спречи напредувањето на ИДФ до секоја точка. Хамас ја загуби контролата врз Газа. Терористите бегаат на југ. Цивилите ги ограбуваат базите на Хамас и немаат доверба во владата“, изјави Галант.

Според него, израелските сили напредуваат според плановите и прецизно ги извршуваат своите задачи. Тој посочи дека ИДФ ги интензивирала своите активности против тунелите на Хамас во последните денови.

„Работиме според задачите. Немаме стоперка. Ќе ги постигнеме нашите цели“, заклучи тој, осврнувајќи се на претходните индикации на израелскиот министер за надворешни работи Ели Коен дека Израел може да ги промени своите активности поради меѓународниот притисок, пренесува The Times of Israel.

Израелската офанзива уследи по нападот на Хамас врз Израел на 7 октомври во кој, според властите во земјата, загинаа повеќе од 1.000 луѓе и во кој Хамас зароби голем број Израелци.

Додека Израелците тврдат дека нивната офанзива е насочена исклучиво против Хамас, палестинските власти тврдат дека офанзивата убива цивили и уништува цивилна инфраструктура. Според палестинските власти, повеќе од 11.000 луѓе биле убиени во офанзивата.

Би можело да ве интересира

Херцог го осуди Хамас за „ужасно“ кршење на договорот за прекин на огнот

Хамас: Телото на Шира било распарчено откако очигледно било помешано со други тела под урнатините

Горан Наумовски

Хагари: Припадниците на Хамас ги убиле децата заложници Ариел и Кфир Бибас „со голи раце“

Израел: Хамас сериозно го прекрши договорот, ова не е тело на мајката на двете момчиња

Иран се закани со трет бран ракетни напади врз Израел во „соодветно време“

Горан Наумовски

Хамас најави ослободување на шест израелски заробеници