Израелски министер за одбрана: Ајатолахот не може да продолжи да постои

Од:

По последниот бран ирански ракетни напади, израелскиот министер за одбрана Израел Кац изјави дека иранскиот врховен лидер Али Хамнеи „не може да продолжи да постои“.

„Диктатор како Хамнеи, кој управува со земја како Иран и го направил уништувањето на Израел своја мисија, не може да продолжи да постои“, рече Кац.

Кац додаде дека израелската војска добила инструкции и знаела дека „за да ги постигне сите свои цели, овој човек апсолутно не треба да продолжи да постои“.

Изјавата доаѓа откако американските претставници објавија претходно оваа недела дека Доналд Трамп ставил вето на израелскиот план за атентат врз Хамнеи.

Трамп потоа рече дека нема планови за таков потег – „барем не засега“.

Би можело да ве интересира

Усвоен предлог-закон за намалување на платата на пратениците кои нема да го означат Хамас како терористичка организација

Иран негира вмешаност во планиран терористички напад во Грција

Ројтерс: САД извршија напад врз иранска локација за лансирање ракети на островот Кешм

Американските разузнавачки служби предупредуваат: Иран планира можен напад со радиоактивна бомба во Вашингтон

Херцог: Израел ја брани Европа од џихадистички бран

Две верзии за целта на планираниот атентат во Грција: Ирански дисидент или израелски државјанин

Горан Наумовски